ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип се наоѓа на ул. Гоце Делчев бр. 2 во Пробиштип. Училиштето е изградено 1961 година, а функционира како централно основно училиште до 1984 година.
 Во состав на OОУ ”Браќа Миладиновци” во Пробиштип како единствено правно лице, работат и ПОУ во Злетово, ПУ  во населба Пробиштип, ПУ во село Добрево и ПУ во село Ратавица, а работи и паралелка за ученици со посебни образовни потреби и нижо музичко училиште.
OОУ ”Браќа Миладиновци”  централното училиште располага со класични училници, кабинети за предметна настава, наставничка канцеларија, просторија за администрација, санитарни јазли, фискултурна сала со трибини за гледачи која е лоцирана во посебна зграда, а благодарение на проектот компјутер за секое дете поголем број на класични училници се опремени со комплетна компјутерска опрема. Во комплексот на училиштата се наоѓаат хортикултурно уредени дворни површини, отворени спортски терени и спортска сала. Училиштето се затоплува со воден систем загреван со ЕЛ - нафта. Училиштето во својот простор организира и реализира воспитно-образовна работа со учениците од деветгодишното образование по иновативни наставни програми  според планот и програмата на Министерството за образование и наука.                                                                                      

ПУ  во Злетово
         Подрачното основно училиште во Злетово е изградено во 1966 год. Во училиштето се организира и реализира воспитна образовна  работа со ученици од прво до девето одделение по иновативни наставни програми во класични училници и во соодветни кабинети. Затоплувањето се врши со топловоден систем загреван со ЕЛ- нафта. Во склоп на училиштето има нова спортска сала.

ПУ населба Пробиштип
         Во пригратската населба  Пробиштип работи како непотполно основно училиште, во кое се организира и релизира воспитно образовна работа со учениците од прво до петто одделение по иновативни  наставни програми. Училиштето е изградено во 1986 год. Во грејниот период затоплувањето се изведува со топловоден систем загреван со цврсто гориво - дрва и јаглен.
Подрачно училиште во село Добрево
Училиштето е изградено во 1957 год. Во училиштето наставата се изведува во една комбинирана паралелка од прво до трето одделение. Затоплувањето во зимскиот период се  врши класично со цврсто гориво- дрва.

Подрачно училиште во село Ратавица
        Училиштето е изградено во 1950 година. Во училиштето се организира  и релизира воспитно - образовна работа со ученици од прво до петто одделение по иновативни наставни програми во две комбинирани паралелки, една од прво до трето и една од четврто и петто одделение. Затоплувањето се изведува  класично со цврсто гориво - дрва. Минатата учебна година се инсталираше систем  на топловодно греење со што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес кај учениците.

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
ГО ПОТТИКНУВАМЕ УЧЕЊЕТО, ЛИЧНИОТ, ЕМОЦИОНАЛНИОТ И СОЦИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ПОДЕДНАКВО,     СО  КОМПЕТЕНТЕН И ЕДУЦИРАН КАДАР       
                                                                                                                                                 
Изјава за мисија:   Училиште со еднакви можности за  развој и напредување

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
ГИ ПОДОБРУВАМЕ И ПРОМОВИРАМЕ ПОСТИГАЊАТА  НА УЧЕНИЦИТЕ И  ЌЕ ГИ ВОВЕДУВАМЕ ВО МУЛТИКУЛТУРНОТО ЖИВЕЕЊЕ  СО ПРИМЕНА НА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ      
Мото  на  училиштето:  Училиште  во  кое  сите  напредуваат